Ресен: Сеча над гимназијата „Цар Самоил“

04-06-2025 | Ресен | Сеча

Што се случува во Ресен?

На почетокот на мај, над гимназијата „Цар Самоил“, исечени се голем број на стари и здрави дрвја, без никакво претходно известување до јавноста.

Последните информации кои ги добивме се дека дрвјата се исечени поради правење на противпожарна патека, за превенција од пожари во текот на летниот период.

Но, дали навистина беше потребно да се исечат толку многу дрва, со оглед на тоа што веќе постоеше патека за поминување?

Дали има и друга позадина сечата во еден од најубавите предели во Ресен?

Ресен и Македонија, ПРИРОДАТА СМЕ СИТЕ НИЕ.

Доста беше уништување на нашата СВЕТОСТ!

МАКЕДОНИЈА Е ПРИРОДАТА. Таа е нашата мајка која ни дава сила. Ние како нејзини деца мора да ја браниме, за да имаме среќен и исполнет живот ДОМА.

Избери со кој си – или си со неа, или си против себе.