Кои сме ние?
Луѓе кои сакаат да живеат дома, во Македонија, а не надвор од неа.
Се собравме како голема група независни граѓани на кои им е смачено да гледаат како некои поединци ја уништуваат нашата земја, вода, почва, нашите дрвја, воздух, луѓето, животните.
За таа цел, обединети борци од цела Македонија се здружуваме во една народна стража, со цел да ги мапираме сите штетни активности во градовите низ нашата земја.
Кои чекори планираме да ги превземеме за остварување на нашата мисија?
Зелена народна стража јавно ќе ги објавува сите проблеми, со цел граѓаните да имаат брз и лесен увид во тоа што точно се случува низ Македонија, но најважно од сѐ – ЗАЕДНО ДА ДЕЛУВАМЕ И ДА ГО СТОПИРАМЕ СЕКОЕ ДЕЈСТВО КОЕ ГИ ЗАГРОЗУВА НАШИТЕ ЖИВОТИ!
Секој може да сподели и да ни испрати проблем, во било кое време, на овој линк.
Ги повикуваме сите добронамерни луѓе, на кои им е смачено само да гледаат од страна како некој ја краде и уништува Македонија, да ни се приклучат.
Еден наш голем позитивен пример е Спас за Прилеп, кадешто се покажа дека сплотен народ може да направи голема промена за заштита на природата со борба и истрајност.
Како да се приклучиш и да ја дадеш својата поддршка
1. СПОДЕЛИ ПРОБЛЕМ
На нашата веб-страна и социјалните канали ќе ги мапираме и јавно ќе ги објавуваме сите најголеми еколошки проблеми, во градовите и општините во Македонија.
Доколку имаш информација за било каков проблем (сеча, депонија, рудници, нелегални градби, отрови, загадување на вода, воздух, почва, загрозување на живот, целосно загадување итн.), те охрабруваме да го споделиш со нас на [email protected] или директно во порака на Facebook или Instagram.
2. ПОВРЗИ НÈ СО ВИСТИНСКИТЕ ЛУЃЕ
Доколку знаеш луѓе кои веќе се запознаени и се борат со овие проблеми во својот град/општина, кажи им дека токму нив ги бараме, за да се обединиме и делуваме заедно. Нека нѐ контактираат веднаш.
3. ВКЛУЧИ СЕ
Доколку сакаш лично да се вклучиш и да дадеш свој придонес, пиши ни на [email protected] или директно во порака на Facebook или Instagram. Активно работиме на локални проекти за кои дополнително ќе објавиме информации.